(ВИДЕО) ЖЕНА ЗАВИТКАЛА БЕБЕ ВО НАЈЛОН И ГО ФРЛИЛА ВО ОДВОД: Се случило чудо кога наишле кучиња скитници…

Бебето било тешко нешто повеќе од еден килограм и во многу лоша состојба…
Кучиња скитници спасиле бебе откако една Индијка одлучила да се ослободи од своето дете фрлајќи го во одвод, во индиската држава Харјана.
На снимката на сигурносните камери било забележано како Индијка во градот Каитал,своето бебе го става во најлон, а потоа го фрла во одводот.

Тоа го виделе и кучињата скитници кои што најпрвин го извлекле бебето од одводот, а потоа со своето лаење го привлекле вниманието на случајните минувачи кои што откако сфатиле дека тука има бебе, веднаш ја повикале полицијата.

Бебето потоа било пренесено во болница каде што му била укажана медицинска помош.
Во моментот кога било пронајдено, бебето имало само нешто повеќе од еден килограм и повреда на главата а здравствената состојба била многу лоша. Полицијата и натаму е во потрага по мајката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …