(ВИДЕО) Жена во „теретана“ забележала тип кој ги фотографира другите жени додека вежбаат: Го пријавила…

АМЕРИКАНКАТА Анели фатила маж како фотографира жени додека вежбаат во теретана, па таа го снимила и го објавила на „Тикток“ за да ги предупреди другите да „внимаваат кога се во јавност“.
„Кога мажите прашуваат зошто сакаме спортски сали исклучиво за жени“, напишала таа во описот на видеото во кое маж седи на справа за бицепси и со својот мобилен телефон фотографира жена како вежба. Анели го зумирала неговиот екран и јасно е дека ја фотографира жената која пред него прави исчекори.
Анели вели дека видеото е снимено во теретана во Оклахома и дека случајно го забележала мажот. Таа го пријавила.
„Ја прекинав вежбата, и го покажав видеото на девојката што ја фотографира и ја предупредив што прави. Таа полуде, ги зграпчи нејзините работи и излезе. Јасно беше дека тоа не е нејзиното момче, пријател или познаник, туку потполн странец“, објаснила таа…

@anneli.k8LADIES WE NEED TO LOOK OUT FOR EACHOTHER. i told the girl and notified staff #fyp #girlsonlygym #crunchfitness♬ Sick Of It – KingDiaaa2


Мажот го видел сето тоа, но се префрлил на друга справа и почнал да го прави истото со друга девојка. Потоа, таа го предупредила менаџерот на салата за тоа што се случува, па тие веднаш го исфрлиле момчето.
„Поентата е дека не ни е дозволено да се сликаме или фотографираме, без разлика дали сме жени или мажи, без дозвола“, заклучила Анели.


Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …