ЕДНА ЖЕНА по име Линалис решила да се разведе откако работела речиси непрекинато една недела, за време на која на својот сопруг му дала едноставна задача што тој не успеал да ја заврши. Оваа мајка на пет деца споделила видео на TikTok во кое чисти неуреден дом додека објаснува зошто планира да го напушти сопругот.
„Работев шест дена по 10 часа, со еден слободен ден поради боледување. Кога дојдов дома од смена и видов неред во куќата, му реков на сопругот да го среди, но тој не мрдна со прст“ објаснила таа.
На видеото се гледаат играчки, облека и ѓубре расфрлани на подот и работните површини. Брзата снимка покажува жена како ја чисти секоја соба во куќата, а нејзините деца повремено ѝ се придружуваат за да и помогнат. Сопругот никаде го нема.
@5kids5catssomedogstoo #divorce #parentingfail #messyhouse #whenwomen #depressionanxiety #clean #satifying ♬ SUN GOES DOWN – Andreas Roehrig
„Мојот наскоро бивш сопруг тврдеше дека не може да се грижи за децата и уредноста и да им помага со домашните задачи. Беа празници, па тој изговор падна во вода. Секој ден по враќањето од работа, дома ќе ме дочека катастрофа. На тепихот најдов истурен шампон, лак за нокти во косата на дете“, набројала таа.
Линалис сака да се исели од куќата, но не може поради ситуацијата на пазарот на недвижности.
„Сакам место каде што ќе се чувствувам безбедно и среќно“, се зборовите со кои таа го заврши видеото кое собра 7,8 милиони прегледи.
Фото: Принтскрин/TikTok