(ВИДЕО) Жена од пет метри височина ја фрлила ќерка си (3) во кафез со мечка

Шокантен инцидент се случил во зоолошка градина во Узбекистан, кога жена ја фрлила својата тригодишна ќерка во кафез со кафеава мечка.
На снимката од надзорната камера се гледа жена која стои над кафезот за мечки. Таа во еден момент го подигнала девојчето, ја ставила на оградата и ја фрлила пет метри пониско во дувлото на кафеавата мечка.
Мечката Зузу била видно запрепастена од ненадејниот потег. Животното и пришло на девојчето, ја намирисало, а потоа си заминало.
Чуварите на зоолошката градина веднаш влегле во кафезот, за да го извлечат девојчето од таму. Иако мечката не го повредила тригодишното девојче, таа се повредила при пад од пет метри височина, поради што е хоспитализирана.
Узбекистанското обвинителство покренало кривична истрага за инцидентот, а жената е осомничена дека се обидела да убие беспомошно лице. Доколку биде осудена, ѝ се заканува затворска казна до 15. години.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …