(ВИДЕО) Заедништво и борба: Порака на новиот сингл на Дино Мерлин

Кантавторот Дино Мерлин, по повеќе од шест години, ја објави песната „Ние“, најавувајќи го претстојниот, дванаесетти по ред студиски албум. Со овој сингл, Мерлин ја воодушеви својата публика, особено поради пораката што ја испраќа.
„Песната ‘Ние’ е песна за нас во светот што се менува и за нас кои се менуваме заедно со светот, сакале или не. Дали ова ќе биде промена на подобро, зависи не само од светот, туку и од нас“, рекол Дино Мерлин и додал:
„Во време на пандемија, уште еднаш гледаме како сме насочени едни кон други, како зависиме едни од други, колку сме заедно во ова и како само заедно можеме да ја преживееме оваа нова несреќа што не снајде и како повеќе од кога и да треба да бидеме’Ние’”.
Планот беше синглот да излезе на пролет оваа година, но поради пандемијата на коронавирусот, објавувањето на песната било одложено за некои подобри времиња.
„Со оглед на тоа дека подобрите времиња доаѓаат полека, животот продолжува, а пандемијата, се чини, нема намера да исчезне брзо, животот и ‘Ние’ треба да продолжат понатаму. Животот не чека, па затоа и ‘Ние’ нема да чекаме живот, треба да живееме и да работиме. Значи, пролетта за песната ‘Ние’ пристигна на крајот на октомври “, рече кантавторот.


Една од пораките на песната „Ние“ е дека не смееме да губиме оптимизам, верба и надеж, иако времето не е најсреќно и дека мора да се покажеме дека можеме да излеземе од лоши времиња како подобри и поблагородни луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …