Во неделата на прочка, се случило чудо во Главниот храм на вооружените сили на Русија. За време на молитвите од иконата на Богородица почнало да тече миро…
„Омекнување на злите срца“, зборувале присутните за тоа. Судејќи според снимките од очевидци, мирото не капело, туку директно се излевало.
Иконата во овој храм била донесена на 6. март и во него останала само еден ден.
Не е испитано дали течноста што излегува од иконата е слична на крв или солзи, пишуваат руските портали кои го објавија овој чудесен настан.
Фото: Принтскрин/Facebook