Водителката на Би-Би-Си, Викторија Валентин доживеала незгода за време на пренос во живо, а снимката од нејзината „трка“ со камерата ја споделила на Твитер.
Необичен проблем и се случил на водителката на британскиот јавен сервис кога една од роботските камери решила да „тргне по својот пат“.
Додека првично водителката била во фокус, камерата се префрлила на другата страна и водителката морала да „трча“ по неа за да остане во кадар.
На крајот, камерата се фокусирала на масата на водителката, каде што морала да се пресели и Викторија.
Unexpectedly off-piste today for a #Davos story.
Bend ze knees & trust (in your director).
Thank you to the cool heads in the gallery this morning who make recoveries *almost* look like they were scripted all along. pic.twitter.com/fiK5G0MSac
— Victoria Valentine (@VValentineNews) January 20, 2023
„Здраво, почнуваме со Ски-ресорт во Швајцарија“, започнала водителката, но за да стигне до камерата морала да ја прекине презентацијата.
„Знаете што, останете со мене. Ова понекогаш може да се случи”, изјавила водителката додека трчала по камерата и се пошегувала: “Еве доказ дека снимаме во живо”.
Викторија на Твитер споделила видео од необичната ситуација и во описот им се заблагодарила на ладните глави во насоката што направиле сè да изгледа како дел од сценариото. Во коментарите ја пофалиле водителката за нејзината реакција и рекле дека тоа го изнела како вистински професионалец.
Фото: Принтскрин/Twitter