ИСТРАЖУВАЊЕ – Зошто го изневеруваат партнерот

Прељубниците имаат четири пати поголема веројатност да ги обвинат своите партнери за прељуба, без разлика дали ја извршиле или не

Луѓето кои ги изневерувале своите партнери во минатото имаат поголема веројатност да го сторат тоа повторно во споредба со оние кои отсекогаш биле верни.
Психолозите кои своето истражување го објавиле во списание велат дека причината е тоа што мозокот станува „отпорен“ на негативни емоции како што е лажењето.
Кога изневеруваме некого, делот од мозокот одговорен за емоциите се активира и поради тоа можеме да чувствуваме срам или вина. Скенирањето на мозокот покажало дека луѓето полесно лажат со текот на времето, а мозокот станува помалку подложен на изневерување. Колку е помалку чувствителен, толку полесно им е на луѓето да го лажат партнерот.
Претходните студии покажале слични резултати. Луѓето кои изневерувале во првата врска имаат три пати поголеми шанси да извршат прељуба во следната врска од оние кои биле верни.
Исто така, тие се сомничави кон своите партнери. Прељубниците имаат четири пати поголема веројатност да ги обвинат своите партнери за прељуба, без разлика дали го извршиле тоа или не.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …