Откако ја напуштила работата и решила да биде домаќинка како што самата се нарекува, една жена на TikTok признала дека доколку нејзиниот сопруг се разведе од неа, тој ќе мора да и плаќа во следните 15 години.
Иако идејата на некои им изгледала контроверзна на почетокот, таа вели дека тој договорот ќе пополни долга празнина во нејзината биографија. „Тиктокерката“ објасни дека таа го склучила договорот за да се увери дека никогаш нема да „го извлече подебелиот крај“.
– Го натерав сопругот да потпише договор во кој се согласува да бидам сопруга која нема да работи туку ќе остане дома и ќе се грижи за децата, а доколку реши да се разведе, ќе треба да ми плаќа 15 години по разводот поради мојот недостаток на работно искуство низ годините – објаснила таа.
@lilinkqueen
I’ll be damned if I ever ended up on the short end of the stick because he wanted the LUXURY of having me available 24/7😂
Во друго видео, таа објаснила дека таа и нејзиниот сопруг дошле на таа идеја бидејќи и двајцата гледале како нивните мајки се борат со грижата за нив и за куќата, а во исто време извршуваат тешки работи. Истовремено вели дека не планира да биде во непријатна положба доколку дојде до развод, само затоа што тој сакал таа да биде достапна 24/7.
@lilinkqueen Funny how he’s not pressed by this issue but other people are 😂
Нејзиното видео собрало повеќе од 6,3 милиони прегледи, а многу корисници ја пофалиле идејата.
– Ова е генијално и треба да се нормализира – напишал еден корисник.
– Се согласувам, многу е тешко да се најде работа по пауза од неколку години – додал друг. Сепак, не се согласиле сите со тоа.
– Зошто воопшто би го сакала тоа? Како не ви е досадно да не правите ништо по цел ден? – коментирал трет корисник.
Фото: Принтскрин/TikTok