(ВИДЕО) За цена на еден Ајфон сега можете да купите турбина на ветер која може цела куќа да ја снабдува со струја за цел живот

Индиската фирма „Avant Garde Innovations” развила ефтина турбина која работи на ветер и која може да генерира 3-5 kW струја дневно
За иста цена како и за Ајфон сега можете да купите турбина на ветер која може да ја снабдува вашата куќа со струја, цел живот.
Пинараји Вијајан, главен министер на Керала, индиска сојузна држава на југозападот на земјата, јавно ја искажал својта поддршка на овој електричен проект.
Додека Керала одржува скоро 100 процентна електрична покриеност на сите домови, голема површина на Индија и понатаму е во темница.За голем процент на индиското население, струјата и понатаму останува далечен сон.
Браќата Арун и Анооп Џорџ сакале да направат индиската енергетска криза да биде работа на минатото.Двојката развила ново решение и велат дека тоа нема да влијае на еколошката рамнотежа.
Браќата од Керала ја основале компанијата „Avant Garde Innovations” и развиле ефтина турбина на ветер која може да генерира доволно струја за една куќа за цел живот.
Со големина на плафонски вентилатор овој генератор на ветер може да генерира 5 kWh/kW по ден – за еднократна инвестиција од 700. евра.
За почеток приликата е масивна. Индија е шести најголем потрошувач на енергија во светот, што прави 3,4 отсто од глобалната потрошувачка на енергија.
Федералната влада во Иднија, и средишната власт во таа област, не можат да ги поднесат големите трошоци за изградба на инфраструктура потребна за електрификација на оддлечените села.Подигнувањето на електрични столбови и електрични водови бара големи вложувања кои би чинеле милиони долари.
Тоа се местата каде компанијата „Avant Garde Innovations” дошла до израз.
„До сега мала турбина на ветер која генерира 1 kW енергија чинеше INR 3-7лаки (3.600 – 9.200 евра), а нашата компанија планира да ја продава за помалку од NR 50.000 (околу 700 евра).Трошоците дополнително ќе се намалат преку масовно производство“ рекол Арун во разговор за The Times of India.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …