Инаку Кејти Месер се запознала со својот сегашен сопруг четири недели пред да се роди Лендон. Од 2015. почнале да се забавуваат но оствариле многу добар однос и со мајката…
На свадбата на Кејти Масер и нејзиниот избраник Џереми беа проронати многу солзи. Моментот кога невестата им прочита завети на својот посинок и неговата мајка, ги разнежни сите присутните на венчавката, а потоа измами и илјадници комплименти од сите страни на светот.
Најпрво, таа и’ се обратила на поранешната на нејзиниот сакан со зборовите:
„Сакам да ти се заблагодарам што ме прифати како пријателка и ми дозволи да бидам дел од животот на Лендон. Ветувам дека ќе бидам прекрасна мајка на твојот син. Ќе го водам, учам и сакам секој ден. Ветувам дека ќе те почитувам, ќе работам со тебе, ќе те слушам и ќе комуницирам со тебе како ко-родители. Ќе ве сакам без разлика што ќе дојде на нашиот пат. Ние сме едно семејство засекогаш“.
Инаку Кејти Месер се запознала со својот сегашен сопруг четири недели пред да се роди Лендон. Од 2015. почнале да се забавуваат но оствариле многу добар однос и со мајката…
Потоа, го повикала синчето на сопругот и пред сите гости се заколнала дека ќе го сака и штити секогаш:
„Те сакам повеќе отколку што некогаш ќе знаеш. Обожавав да те гледам како растеш и ќе сакам да го гледам тоа до крајот на животот. Среќна сум што сега официјално ќе ти бидам бонус-мајка. Ти ветувам дека ќе бидам покрај тебе, ќе те слушам и ќе те сакам секој ден. Ветувам дека ќе го сакам твојот татко со целото мое срце. Ветувам дека ќе и’ бидам најдобра пријателка на мајка ти. Ние ќе бидеме едно големо семејство, кое ти ветувам дека ќе го имаш до крајот на животот“ му рекла Кејти на малечкиот Лендон, по што следувала топла прегратка.
Ко-родителството е тешко и тоа значи слога и разбирање околу грижата за детето. Видеото со емотивниот свадбен момент доби бројни позитивни коментари. „Ова е совршен пример за тоа како се сака едно дете несебично. Се надевам дека повеќе родители ќе го видат ова како доказ дека возможно е да бидеш ко-родител без целата драма и погрдни зборови“ – стои во еден од
коментарите на Facebook.