До крајот на денов ќе има услови за локален дожд и услови за ретки грмежи а ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец.
Утре (14.11.2017) од влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд и тоа претежно во западните предели а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Услови за повремени врнежи од снег со послаб интензитет ќе има само на највисоките планински места (над 2000 м.н.в).Максимумот на температурите на воздухот утре (вторник) ќе се искачи во интервалот од 10 до 18 степени.Под влијание на изразени влажни воздушни бранови во среда и во четврток времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои на некои места особено на југот и на југоистокот од државава ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (дури над 70 л/м2). На високите планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Врнежите ќе продолжат и во петок но со нешто послаб интензитет. Ќе има услови и за локална нестабилност особено на југот од државава која ќе биде проследена со грмежи.Поради обилните врнежи од дожд во делови од државава не се исклучува можноста од локални поројни поплави и зголемување на водотеците, најавуваат од meteomax.mk.