(ВИДЕО) Враќање на кралот – Солзите на Брендан Фрејзер по премиерата на новиот филм: „Прекрасен си!“

Брендан Фрејзер едвај ги задржал солзите за време на 6-минутните овации кои ги добил по премиерата на „The Whale“, кој го одбележа неговото враќање на актерството.
Фрејзер, кој беше ставен на црната листа од Холивуд откако се појави како жртва на сексуален напад од страна на индустриските моќници, по повеќе од една деценија беше избран за главната улога во една голема продукција.
Во 2008. година, актерот изјави дека во 2003. година бил сексуално нападнат од Филип Бурк, тогашен претседател на Здружението за странски новинари во Холивуд, и оттогаш актерот речиси пропадна во земја. Некогашниот миленик на публиката се сведе на споредни улоги во не толку звучни продукции.
„Тој напад ме натера да размислувам да се откажам од глумата“, рекол тој еднаш.


Но, сето тоа сега се менува. Режисерот Дарен Ароновски го избра Фрејзер за главната машка улога во неговата нова продукција „The Whale“, а во едно интервју изјавил дека популарниот Џорџ од џунглата можеби бил чуден избор, но совршен.
„Десет години се обидувам да го снимам овој филм, но не успеав бидејќи не ги најдов вистинските актери. А потоа го видов Брендан и светлото се запали“, рекол Ароновски во едно од интервјуата со кои што го најавуваше неговото ново дело.
Се чини дека навистина бил вистинскиот избор, бидејќи Фрејзер добил неверојатни 6-минутни овации по премиерата на филмскиот фестивал во Венеција.
Видно среќен, срамежливиот Брендан и се поклонил на публиката, а многумина коментирале дека е на работ на солзи.
„Прекрасен си Брендан“, „Каква легенда“, се само дел од коментарите кои беа напишани пред видеото кое се прошири на социјалните мрежи и го видоа десетици милиони луѓе на различни платформи.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …