(ФОТО) Се породила Адријана Лима

Топ моделот Адријана Лима се породила на 28. август и роди момче.
Светските медиуми денеска ја објавија веста дека една од најубавите жени на светот стана мајка по трет пат.
Поранешната сопруга на Марко Јариќ се породила на 28. август, пренесуваат странските медиуми.
Самата манекенка се огласи на Инстаграм, кога сподели слика од окото на бебето.
„Цијан е бојата помеѓу зеленото и синото на видливиот спектар на светлината. Цијан е боја на водите на Бора Бора и Малдиви, места на нашата семејна листа. Цијан е бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет, Цијан Лима Лемарс“, напишала таа.
Адријана има две ќерки од бракот со Марко Јариќ, а ова и е прво дете со филмскиот продуцент Андре Лемарс.

View this post on Instagram

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …