(ВИДЕО) Водителка на РТС во програма во живо го згрешила името на Тито

По повод годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, водителката Анета Ковачиќ прочитала сегмент посветен на доживотниот претседател на Југославија, па му го згрешила името. Наместо Јосип, рекла Јосиф и разбеснила некои корисници на социјалните мрежи.
Видео од нејзиното лизгање, кое стана вирално, се споделува на Твитер, а луѓето се прашуваат како можела да си дозволи ваква грешка.
Иако забележлива грешка, лапсусите се составен дел од работата на водителот и еден дел од корисниците на оваа социјална мрежа сепак сметаат дека презентерот не заслужува омраза.
Затоа што кој работи тој и греши.
Видеото можете да го погледнете подолу.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …