(ВИДЕО) Во САД пронајдена напуштена луксузна вила во САД. Никој не живее во неа повеќе од 15 години

АМЕРИКАНЦ кој има канал на YouTube наречен BigBankz истражува напуштени куќи. Тој неодамна посетил замок кој неверојатно личи на Белата куќа. За да ја истражи оваа палата и да сними што пронашол внатре, Јутјуберот морал да добие специјална дозвола бидејќи е приватна сопственост и означена со знаци за забрана за влегување.

Вила изградена пред 40 години
Оваа куќа ја набљудуваат полицијата, сопственикот и соседите, иако во неа никој не живее. Јутјуберот куќата ја нарекол „напуштена вила од бел мермер“ која го потсетува на Белата куќа во Вашингтон. Оваа вила е изградена во 1983 година од човек чие име BigBankz не сакал да го открие. Човекот бил по потекло од Полска и се преселил во Канада во 1950-тите. Потоа сонувал да работи во САД.


Својот сон го оствари со преселба во Алабама и започнување хотелски бизнис кој бил многу успешен. Во 1970-тите, тој се преселил со сопругата во куќа која се наоѓала каде што сега е оваа вила. Планирале да ја реновираат и доградат втората куќа, но тоа било проблем поради обемната работа што и била потребна на куќата. Така, во 1983 година, тие ја срушиле куќата до земја за да го изградат својот дом од соништата.

Никој не живеел во куќата од 2008 година
Со оглед на тоа што мажот е од Полска, а неговата сопруга од Алабама, тие имале различни ставови за уредувањето на куќата, што се одразува и во дизајнот на ентериерот. Човекот починал во 2006 година на 93-годишна возраст и тогаш вилата била продадена. Сопственикот на вилата се менувал неколку пати до 2008 година, но од последното купување, вилата не е продадена ниту пак некој се вселил во неа.
Вилата е огромна, има два базени, еден внатрешен и еден надворешен, повеќе од 30 различни лустери (вклучувајќи седум во главната бања), сала за бал и голема спална соба. Мермер има на секој чекор, поради што Јутјуберот оваа куќа ја нарекол „бела мермерна вила“.


Инаку, типот со прекар BigBankz е од Оклахома, патува низ светот и ги наоѓа најдобрите заборавени и напуштени места. Своите патувања ги документира и ги објавува на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/YoyTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …