(ФОТО) Селена Гомез објаснила каква е нејзината здравствена состојба откако било забележано дека и се тресат рацете: Актерката продолжува да се бори по трансплантацијата на бубрег

Селена Гомез (30) неодамна сподели видео на Тик Ток, а нејзините обожаватели забележале дека рацете неконтролирано и се тресат додека се обидувала да се шминка.
Познато е дека Селена има здравствен проблем, па видеото само уште повеќе ги исплашило сите што ја следат.
Таа брзо им одговорила објаснувајќи зошто и се тресат рацете. Таа им кажала на загрижените следбеници дека тоа е несакан ефект од нејзините лекови за лупус.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


„Се тресам поради лекот за лупус“, напишала таа во коментарот на видеото, кое сега е избришано, пренесува Mirror.
На актерката и беше дијагностициран лупус во 2014 година. Лупус е медицинска состојба која предизвикува болки во зглобовите, осип и замор. Селена исто така имаше трансплантација на бубрег во 2017 година, откако нејзиниот бубрег почна да се „гаси“. Донатор на бубрег беше нејзината пријателка и колешка, актерката Франсија Раиса, но тие две се разидоа минатата година по документарниот филм на Селена.
Во интервју за „Ролинг Стоун“, таа изјавила дека Тејлор Свифт е нејзината единствена пријателка во Холивуд.
– Никогаш не се вклопувам во кул групата девојки кои се познати личности. Мојот единствен пријател во индустријата навистина е Тејлор Свифт.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес во Струга работилница на тема: Вклучи свест, исклучи стигма! Да зборуваме за менталното здравје!

„Вклучи свест, исклучи стигма! Зборувај за менталното здравје“ е насловена работилницата, која денес, 19 јули, …