(ВИДЕО) Вака изгледа фустанот на естонската претставничка, од 65.000 евра, со кој го освоила осмото место

Во морето доста импресивни сценски настапи од саботното финале на Евросонг веројатно најмногу се издвоил необичниот фустан на естонската претставничка која ја проектирала светлината, а во кој е вложена огромна сума пари.
Според извештаите, во фустанот на Елина Нечиева е вложено 65. илјади евра, што бил најскап сценски настап на годинешниот Евросонг. Националната телевизија на Естонија прво не сакала да го плати фустанот, но после долго убедување сепак се согласиле и на овој трошок, иако не можеле до крај…
Кога станува збор за проекциите, тие не биле случајни, како што некои коментирале. Имено, естонскиот тим сакал проекциите да ги поврзе со приказната за процветувањето на љубовта.


Фустанот отсекогаш бил замислен како дел до перформансот, а за изработка биле потребни две недели.
„Две недели од идеа до конечен резултат“, открил Ајлона Мовко, член на тимот кој го изработил фустанот за Radiotimes.com
Најголем предизвик бил фустанот да се донесе на сцената, со оглед на тоа што секоја екипа имала по 35. секунди за подготовка на настапот.
Естонскиот тим за малку немал доволно пари фустанот воопшто да го испрати во Лисабон. Естонската телевизија, ЕРР, не можела да обезбеди средства, а ниту владта не им дала поддршка. Но, тогаш се собрале неколку брендови и и’ понудиле спонзорирање на владата.
„Успеавме, едвај“ рекол Мовко.
Фустанот е од нормален материјал и тежел околу осум килограми.
„Не можете на оперска пејачка да ставите нешто тешко“ додал Мовко.
Естонија годинешниот Евросонг го завршила на осмото место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …