(ВИДЕО) УАПСЕН ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ ПРОДУЦЕНТ: Седум години злоставувал жени, соседите знаеле пред полиција!

Полицијата во Лос Анџелес уапси холивудски продуцент за сексуален напад на неколку девојки во периодот од 2012. до 2019. година.
Ерик Вајнберг, кој беше еден од продуцентите на хит серијата „Scrubs“, бил уапсен во четвртокот во неговиот дом во Лос Фелиз. Полицискиот оддел соопштил дека Вајнберг таргетирал жени на возраст меѓу 20. и 30. години на јавни места како што се трговски центри и кафулиња, преправајќи се дека е фотограф, а потоа ги поканил да се фотографираат во неговиот дом, во кој наводно се наоѓало неговото студио.
Кога доаѓале да се фотографираат, Вајнберг сексуално ги злоупотребувал и силувал некои од нив. Американските медиуми ја пренесуваат изјавата на сосед кој открил дека „била предупредена штом се доселила во соседството“.
– Мојата пријателка ми ја покажа неговата куќа и рече дека знае за еден куп девојки кои биле намамени таму, а потоа нападнати.
Иако тој е обвинет за наводни сексуални напади од 2012. до 2019. година, детективите веруваат дека злосторствата на Вајнберг датираат од раните 1990-ти, но допрва треба да разговараат со потенцијалните жртви.
Вајнберг е притворен со кауција од 3.225.000 долари.
Покрај сериите „Стажанти“ работеше и на сериите „Californication“ и „Anger Management“.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …