(ВИДЕО) ТРАЕЛО ПЕТ ГОДИНИ – Сопругот имал афера со нејзината мајка:„Нашиот син ги фати!“

Видеото на Џејми Вокер стана вирален на Тик Ток откако споделила шокантна приказна за тоа како открила ден по нејзиниот 33-ти роденден дека нејзиниот сопруг спиел со нејзината мајка и тоа пет години…
Таа ја споделила шокантната приказна за тоа како открила дека нејзиниот сопруг ја изневерувал со сопствената мајка пет години на „ТикТок“. Едно е да откриете дека вашиот партнер ве изневерува, а сосема друго е да откриете дека има афера со некој од членовите на вашето семејство. Но, токму тоа се случило со Џејми Вокер, мајка на две деца од САД.
Нејзиното видео стана вирално на „ТикТок“, откако споделила шокантна приказна за тоа како открила ден по нејзиниот 33-ти роденден дека нејзиниот сопруг спиел со нејзината мајка и тоа цели пет години. Во серија видеа, Џејми објаснила како нејзиниот тинејџерски син првпат ја открил вистината во 2011. година откако еден ден влегол во соба и ги пронашол татко му и баба му.
„Мојот син налета на мојот сега веќе поранешен сопруг со мајка ми, и тие го правеа она што очигледно го прават во последните пет години. Имаше пресметка, мојот син рече: „Ако не и кажеш, јас ќе и кажам“, раскажала таа.
„Мојот поранешен сопруг одлучи дека сака да биде оној што ќе ми го каже ова, па ме одведе на долго возење што заврши на паркингот во Валмарт, имавме сериозен разговор и тој ми рече дека тоа се случува последните пет години“, продолжува таа. Џејми била уништена од вистината, но тврди дека не можела да го напушти сопругот веднаш поради финансиски ограничувања.

@jwalkersongGoofballs… answering the most common questions from the affair story. Stay tuned for more stories. ##cheating ##ex ##answers ##comments ##forupage ##story


♬ original sound – jwalkersong


„Бев во шок и не знаев што да направам. Во тоа време не бев во можност финансиски да се грижам за себе или за децата, па затоа некако се справивме со тоа и ја направивме терапијата“, признава таа. Семејството подоцна се преселило во Тенеси во обид да го остави минатото зад себе и да започне нов живот – но нејзиниот сопруг не можел да остане верен и наводно повторно ја изневерил, овој пат со 60-годишна соработничка. Двојката конечно се развела во 2017. година, а нејзиниот сопруг, во меѓувреме, се оженил со соработничката. Во дополнителни клипови, Џејми одговара на горливите прашања на нејзините придружници – вклучувајќи и како со се’ се справил нејзиниот 25-годишен син.

@jwalkersongReply to @sweetaspie2 Again. Thanks for the concern, but we’re all good here. If you want to hear more than THIS story: ##followme 🙃 ##thanks ##fyp


♬ original sound – jwalkersong

„Мојот син, кој во тоа време имаше 16. години и го имаше ова трауматско искуство и добро се држи, се мачеше малку“, тврди Џејми. Таа рекла дека нејзиниот син, разбирливо, не е во одлична врска со татко му или баба му, но нејзината ќерка сè уште има контакт со нејзиниот татко. Џејми исто така се отворила за тоа каква е нејзината врска со мајка и денес, велејќи дека ја прекинала целосно во првите четири години затоа што и требал „простор за лекување“ и не сакала да се справува со неа. Таа додала дека работите меѓу двете започнале да се подобруваат во текот на минатата година, но таа сè уште нема да води никаков разговор за нејзиниот поранешен сопруг, пишува Mirror.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …