(ВИДЕО) Том Хенкс им викал на фановите да ја заштити сопругата, имало и пцости!

Додека сопружниците Том Хенкс и Рита Вилсон пред две ноќи излегувале од ресторан во Њујорк, се случил помал инцидент кога пред поголема група обожаватели и фотографи кои ја придружувале славната двојка на патот до автомобилот, Вилсон се сопнала и речиси паднала.
Веднаш до неа стоел обожавател, а кај Хенкс се разбудил заштитничкиот инстинкт, па актерот, инаку познат по својата присебност, извикал: „Мојата жена! Од***те! Ќе ми ја соборите жената!“
По вечерата на Менхетен, парот се упати кон автомобилот. Околу нив се формирала поголема група луѓе кои не се откажувале, па им се приближувале сè поблиску, додека еден човек не се доближил премногу и не се судрил со Рита. Поради тоа таа накратко изгубила рамнотежа, се сопнала, но успеала да остане на нозе.

„Престанете!”, му викнала Вилсон на човекот и ги кренала рацете во знак на протест. Хенкс стасал до сопругата за да види дали е добро, а потоа се свртел кон толпата и налутено, пцуејќи ги ги предупредил да се држат настрана од неговата сопруга.
Вилсон и Хенкс се во брак 34 години и имаат два сина, Чет и Труман. Тие се запознале на снимањето на ситкомот на Еј-би-си во 1981 година, „Bosom Buddies“. Отпрвин биле пријатели, а дури подоцна нивниот однос станал љубовен.
Хенкс моментално е активен во промотивната кампања за биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис Присли, во кој го игра менаџерот на пејачот.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …