КОГА татко од Кина ја одвел својата ќерка на прошетка за да и помогне да ослабне, таа била убедена дека тој се обидува да ослабне неколку килограми и го потсетила дека го сака без разлика на се.
Во видеото објавено на кинеската социјална мрежа Weibo, неименуваното девојче е снимено од нејзината мајка додека шета покрај река во провинцијата Шандонг во источна Кина. Таткото наводно мислел дека неговата ќерка има вишок килограми и решил да ја прошета по вечерата.
Нејзиниот татко и предложил секој ден после вечерата да одат на лесна прошетка, на што таа го прашала: „Дали поради слабеење?“ Изненаден од нејзиното прашање, таткото признал дека е. Сепак, девојчето верува дека нејзиниот татко мисли дека треба да ослабе, па му вели: „Не мора да ослабеш, те сакам без разлика на се“.
На тоа мајката пукнала од смеење, а збунетиот татко ја прашал зошто. Таа потоа одговара: „Затоа што ти си мојот татко“.
Видеото собрало повеќе од седум милиони прегледи и над 100. илјади лајкови, а многумина девојчето го нарекле ангел. Видеото можете да го погледнете овде.
Фото: Принтскрин/Weibo