(ВИДЕО) Татко со емотивна реакција на новата фризура на ќеркичката ги растопил срцата на многумина

Мајката Криси Грир сакала да фати сладок момент и успеала во тоа. Оваа фризерка и ја скратила косата на својата ќерка, но ништо не можело да ја подготви за реакцијата на нејзиниот сопруг на новата фризура.
Грир и нејзината ќерка го чекале нејзиниот сопруг да се врати од работа за да го изненадат.
“Ох, бебе, прекрасна си! Мојата принцеза”, му рекол воодушевениот татко на девојчето кога ја видел својата ќерка.
Потоа, тој подетално ја погледнал фризурата, за која девојчето нашла инспирација во новиот анимиран филм на Дизни,Raya and the Last Dragon.
„Си ја обоила. Сега е кафеава! Толку си убава! Дали е тоа фризурата од филмот Raya and the Last Dragon? Мојата принцеза. Јас сум толку горд на тебе. Ти си прекрасна”, продолжил таткото со комплименти.

@thekrissigreer😭😭😭


♬ Married Life (From “Up”) – Sergy el Som


Снимката е прегледана повеќе од 4. милиони пати, а таткото со својата реакција ги стопил срцата на многу корисници на ТикТок.
Според KidsHealth, давањето комплименти на децата им помага да изградат позитивна слика за себе.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …