(ВИДЕО) Татко прв пат го земал синот во раце па со емотивната реакција трогнал илјадници луѓе

ПРВАТА средба со детето е незаборавен момент за мајките и татковците. Солзите од радост е невозможно да се воздржат кога родителите првпат ги земаат своите деца во раце, а тоа се случило и со овој татко кој со својата емотивна реакција на првата средба со својот син допрел илјадници луѓе.
Виралните снимки покажуваат татко како седи и не може да ја сокрие својата нервоза додека чека бабицата да му го стави во раце неговиот новороден син. Возбуден, се шегува и се смее, а кога ќе го земе малиот, изразот на лицето му се менува за секунда и очите му се полнат со солзи. Го гушка бебето и ја покажува неговата љубов, а неговата трансформација е прекрасна за гледање.

Откако беше споделена, објавата собра повеќе од 67.000 прегледи и бројни коментари.
„Ништо не е толку неверојатно како тој момент”, „Нема поголема љубов”, „Фантастично е чувството да земеш бебе во раце. Се најдобро за тато и бебето”, напишале некои луѓе кои биле трогнати од емотивната сцена која предизвикала прекрасни спомени.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …