(ВИДЕО) ПОПЛАВА ВО ЗАГРЕБ: Водата го кревала асфалтот на улиците!

Утрово, непосредно пред шест часот, жителите на северниот округ Трешњевка во Загреб се разбудиле од поплава предизвикана од пукање на водоводна цевка во улицата Селска.
Хрватските медиуми пишуваат дека поради пукната цевка, „водата излегла по улиците и го подигнала асфалтот во Загреб“.
Поплавени се бројни подруми и сутерени, а пожарникарите и другите комунални претпријатија се на терен за да им помогнат на граѓаните да ја испумпаат водата од поплавените простории.
Најтешка е ситуацијата во Селска и околните улици – Гробничка, Хрељинска, Цриквеница и Вепринашка, низ која водата тече во порој. Просториите на ФК Трешњевка биле поплавени, а водата стигнала до спортската сала Трешњевка, попозната како „Кутија на кибритчиња“.


Сообраќајот на улицата Селска бил прекинат бидејќи водата го кренала асфалтот и потребно е да се изврши темелна санација на коловозот.
Граѓаните се загрижени бидејќи водата се уште извира и се прашуваат зошто главната цевка не е затворена. Поплавата започнала околу два часа по полноќ, но вентилот бил затворен дури во осум часот.

Извор: Vecernjilist.hr


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …