Уште во април, Ким најавила дека новото шоу за Кардашијан ќе започне да се емитува порано од очекуваното.
Само неколку месеци откако престана да го емитува реалното шоу „Keeping Up with Kardashians“ со своето семејство, Ким Кардашијан најави враќање пред камерите.
Семејството Кардашијан-Џенер ги шокираше фановите кога во јуни објавија дека ќе го затворат своето популарно шоу после 14. години, но кратко потоа реалните икони објавија дека веќе имаат нов договор со стриминг услугата Хулу за новиот проект.
И’ судејќи според најновата Инстаграм приказна објавена од Ким, изгледа дека снимањето веќе започнало.
Имено, мајката на четири деца и најпознатата од кланот Кардашијан навести дека производството на новото шоу започна со ставање фотографија од микрофонот во нејзиниот скут и испишување: „Прв ден“.
Многумина беа изненадени што сите членови на славното семејство пред само три месеци рекоа дека одлучиле да „живеат без камери“, но Хулу помпезно објавува дека договорот со Ким, Клои и Кортни Кардашијан, нивната мајка Крис и полусестрите Кајли и Кендал Џенер е потпишан. Новата содржина ќе се емитува во САД, но и во многу други земји.
Уште во април, Ким навести дека новото шоу за Кардашијан ќе се прикаже порано од очекуваното, откако еден од обожавателите на Твитер се пожали за крајот на „Keeping Up With The Kardashians“.