(ВИДЕО) Со желби за подобро утре, за нов почеток… Пејачката Симона со музичка порака за Нова година!

Симона Поповска е повторно актуелна со нови синглови.

После песната на англиски јазик “Feel so good”, Симона ни спреми уште едно музичко изненадување по повод Нова Година и претстојните новогодишни празници. Се работи за специјална новогодишна песна насловена – “За Нова Година”.


This image has an empty alt attribute; its file name is simona-popovska.jpg

Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Пратечките вокали ги отпеа Рената Кралевска, а гостин на саксофон е Љупчо Џедомирски.


This image has an empty alt attribute; its file name is simona-popovska-2.jpg

„Драги мои од срце ви го подаруваме ова парче, сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, година без пандемија, нека ‘ЗА НОВА ГОДИНА’ биде нов почеток”, порачува Симона..


Со песната „За Нова година“ уживајте во овој празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави актерката Арна Шијак

Арна Шијак е родена на 30 април 1976 година во Скопје како ќерка на ликовниот …