(ВИДЕО) Снимката открила: Шпанската претставничка на Евровизија бакнува девојка!

Пејачката и танчерка Шанел Тереро годинава ја претставуваше Шпанија на Евровизија со песната „Slomo“, а за време на бодувањето била снимена како се бакнува со девојка.
Шанел ја воодушеви публиката со својот огнен настап, а атмосферата во Торино, освен со атрактивниот изглед, ја загреа и со страстен бакнеж со девојка.


Имено, на социјалните мрежи се прошири видеото направено зад сцената на кое се гледа како емотивната Шанел се бакнува со девојка, додека водителите ги објавуваат победниците. Сепак, идентитетот на жената која ја бакнувала овој згодна Шпанка се уште не е познат.
Инаку, Шанел од мала е во светот на забавата, од шестгодишна возраст, кога се запишала на часови по танц, почнала да се занимава со гимнастика, да пее и да глуми. Десет години подоцна ја добила првата улога во мјузикл, а меѓу другото играла и во претставите „Кралот на лавовите“, „Флешденс“, „Телохранител“ и „Мама миа“.
Покрај тоа, Шанел снимила неколку улоги во шпански серии и филмови, а танцувала и со Шакира на доделувањето на MTV Europe Awards во 2010 година.

Фото: Принтскрин/eurovision.tv

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …