*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Послушајте го советот на астрологот и дознајте со кој знак вашата врска ќе биде најмногу страсна.
Стрелец и Близнаци
Овие два знаци се привлекуваат на сите полиња. Тие се физички создадени еден за друг. Сакаат долги разговори, Близнаците се малку површни и сакаат да озборуваат, Стрелецот е искрен и темелен. Близнаците се секогаш подготвени за акција, Стрелецот е тешко да се покрене и да ја промени својата рутина, но сепак кога е со Близнаците, Стрелецот станува вистински авантурист.
Бик и Скорпија
Според астролозите, никој не може да го привлече Бикот толку сексуално како Скорпијата. Ако се спојат, може да се затворат со денови во спалната соба. Сè во врската ќе им изгледа фатално. Меѓутоа, кога ќе излезат меѓу пријателите, ќе видат дека се многу различни, Скорпијата е пребрза за Бикот, а Бикот е премногу пасивен за Скорпијата. Доколку се подготвени за промени, нивната врска сигурно ќе успее.
Јарец и Рак
Овие два знака совршено се надополнуваат. Студениот Јарец не може да одолее на емоционалните изливи на Ракот. Работат одлично во спалната соба, се надополнуваат. Меѓутоа, ако Ракот стане премногу „плачлив“ и почне да кука дека Јарецот го игнорира, врската лесно може да заврши. Ако најдат заеднички јазик, можат да останат заедно со години.