(ВИДЕО) Снимка од мистериозно суштество во морето ги збунило и вознемирило и’ експертите

Снимка од чудно суштество забележано како плива во близина на мост во Јужна Каролина ги обиколи социјалните мрежи, а луѓето се прашуваат за какво суштество се работи.
Виралното видео покажува мистериозно суштество како плива во морето во близина на островот, но не е јасно за каков вид станува збор. Иако изгледа како да има клун и крилја или перки од некој вид, тоа не е типичен преглед на птица.

Луѓето се збунети
Одделот за природни ресурси на Јужна Каролина рекле дека не знаат што би можело да биде.
„Луѓето од мојот сектор се главно збунети, но ние не сме експерти“, вели претставник на овој центар.
Еден полицаец сугерирал дека суштеството може да биде лигња, но никој не може со сигурност да каже за какво животно се работи. Видеото е испратено до Институтот за истражување на морски ресурси во Чарлстон, каде што моментално ја проучуваат снимката со надеж дека ќе ја решат мистеријата.


Сипа, зајак или морски полжав?
Во меѓувреме, метеорологот на WCNC Бред Панович ги споделил своите размислувања за тоа што би можело да биде суштеството.
„Најпрво мислев дека е сипа“, рекол тој, објаснувајќи дека сега мисли дека тоа може да биде морски зајак или морски полжав.
„Можат да бидат доста големи и вака пливаат во водата“, рекол Панович.
Сепак, тој истакнал дека овие видови обично не се наоѓаат во Јужна Каролина и почесто се наоѓаат во Флорида и американскиот западен брег, во потоплите води.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …