Откако Доналд Трамп е избран за претседател на САД, се заредиле низа чудни ситуации меѓу него и сопругата Меланија, но последната според пишувањето на Independent, е можеби најчудна.
На снимката која ја објавила Белата куќа, прво Меланија го најавува говорот на својот сопруг Доналд на манифестацијата во воздухопловната база Ендрјус.
Потоа тој и приоѓа, и заблагодрува, се ракува со неа, а потоа…
„Оди на другата страна на бината. Оди седни душо“ и говори Трамп на својата сопруга како да зборува со мало дете.
Твитер бргу се наполнил со коментари на луѓе на кои ниту малку не им било јасно зошто Доналд така разговара со сопругата, но и зошто таа тоа го трпи.