Младешката фризура годините и ги вратила наназад…
Секогаш се радуваме на црвениот тепих при доделувањето на наградите Еми.
Како и секоја година досега, холивудските ѕвезди прошетале во гламурозни изданија – некои воодушевиле, а некои не баш толку.Но, дефинитивно најголемо изненадување на вечерта била Џејн Фонда, која воодушевила со своето младешко издание.
79. годишната глумица, бивша манекенка и фитнес ѕвезда покажала завидна линија во розевиот припиен фустан на дизајнерот Брендон Максвел, а се пофалила и со раскошен фрак на задниот дел од фустанот.
Џејн за оваа приигода во семејната колекција на накит, а раскошната огрлица
опточена со дијаманти и смарагди која лесно паѓа долж грбот и обетки од истиот комплет чинат околу 2,4 милиони долари.
Но, за младешкиот изглед на глумицата најзаслужна секако била младешката фризура.Џејн сме навикнале да ја гледаме со куса коса, но за оваа пригода ставила долги екстензии кои ги врзала во реп, а нејзиниот фризер, Џонатан Ханоусек, ја наговорил и да ги исече шишките, како што пишува People.
Џејн дефинитивно ја „уништила“ тројно помладата конкуренција на црвениот тепих при доделувањето на наградите Еми и е жив доказ дека вежбањето и тоа како се исплаќа.