(ВИДЕО) Слушајте македонска музика: Момците од „Feedback“ со хит-песна во ова време-невреме!

Велат дека музката е лек за многу работи и веруваме дека ќе се согласите со таа констатација. Дефинитивно, музика ни е потребно за во овој тежок период низ кој сите поминуваме.

А, за добра музика се погрижија момците од „Feedback band“. По подолго време еден од најбараните бендови во нашата земја, ја објави својата нова песна.
„Далеку од тебе“ е насловот на нивната нова нумера, на која како автор се потпишува најдобриот тандем на овие простори – Лазар и Магдалена Цветковски.


 


„Песната е готова уште во времето кога започна пандемијата со коронавирусот, но си рековме дека можеби е подобро да почекаме за некои помирни времиња, меѓутоа сфативме дека на луѓето добро ќе им дојде малку во овие денови на изолација и полициски час – велат момците од бендот и додаваат дека во нивната фиока има уште една готова песна, но дека таа ќе ја промовираат кога работите ќе се вратат во нормала“.


За новата песна, момците снимија и видеоспот во кој се појавува и една од најубавите Македонки, преубавата Ана Мариа Јанковиќ, која пред неколку месеци потпиша договор за соработка со еден многу познат светски бренд за облека.

Режисер на видеото е Дарио Јанковиќ или Генерал Јанковиќ, а истото е снимено на повеќе локации во Скопје и Демир Капија.

Да не должиме многу, погледнете, уживајте и се разбира – останете дома!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …