(ВИДЕО) СЛИКИТЕ ОД ПЛАЖА НА ДАНИЕЛА ГО ШОКИРАЛЕ СВЕТОТ: „Бев само 3. часа на сонце и мачкав крем а навечер ПОЧНА ПЕКОЛОТ!“

Даниел Фикимонс (31) од Ирска поминала три часа на плажа во друштво на нејзиниот татко (54) и нејзините две деца – Клои (9) и Хејли (8) и како што тврди редовно нанесувала крем за сончање со фактор 30 а сепак ноќта се разбудила со треска и болка од изгореници.
Застрашувачките слики што завршија во медиумите покажуваат дека целиот нејзин грб е практично „препечен“.
– Отидовме на плажа за викендот, а до понеделник целиот горен дел од грбот ми беше во плускавци поради што не можев да легнам. Кога отидов во болница, тие ми рекоа дека изгорениците ми биле скоро трет степен – вели таа.
– Обично имам добар тен и никогаш не горам. Обично не ја користам оваа марка, но ја пробав и еве што се случи. Го нанесов кремот пред да излезам, кога пристигнавме и за време на мојот престој на плажа. Мислам дека тоа е сосема доволно за заштита. Му пишав на производителот – вели таа, додека компанијата тврди дека нивните производи ги поминале сите тестови за контрола и квалитет.
– Лице со посветол тен би изгорело во рок од 10. минути доколку не нанесе заштита. Ако користат фактор 30, тие имаат 30 пати подолга заштита отколку ако не сториле ништо, без разлика колку пати подоцна ќе ја применат. Тоа значи дека ќе биде безбедна 300 минути, или пет часа. За тело со просечна големина во едноделен костум, доволно се три лажици производи – велат од компанијата, обидувајќи се да докажат дека Даниел не нанела доволно од производот за да биде заштитена.


Извор: DailyMail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …