Легендарниот глумец Силвестер Сталоне секојдневно вежба за да биде во што подобра форма за улогата на Рамбо.
Објавувајќи видео на кое „ги пумпа“ мускулите, покажал дека и на 72. години е во завидна форма.
Сталоне во видеото носи маичка со легендарниот лик на Рамбо, ја слуша популарната песна „Welcome to the Jungle“ и докажува дека поодеднакво е посевтен на подготовките како и во младите денови.
Сталоне петти пат ќе го отелотвори ликот на Џон Рамбо, виетнамски ветеран. Првиот филм е снимен во 1982. година, а фановите се доста возбудени поради враќањето на омилениот филмски херој.
Минатата недела и’ 70. годишниот Арнолд Шварценегер покажал дека е доста вешт кога ќе ги грабне справите за јакнење на мускулите. Тој се подготвува за снимање на новото продолжување на „Терминатор“.