(ВИДЕО) Што прави Австралија на Евросонг и што ќе се случи ако победи?

Најголема причина зошто Австралија учествува на овој избор е тоа што Евросонгот бил исклучително популарен во таа земја, со оглед на тоа дека голем број Австралијанци влечат потекло од Европа.
Настапот на Австралија во првата полуфинална вечер на Евровизија привлече големо внимание, а по првите прогнози, русокосата пејачка има големи шанси и да ја однесе победата, судејќи по лавината коментари која не престанува по нејзиниот настап.


Имено, Австралијанката Кејт Милер ја воодушеви Европа кога ја отпеа песната лебдејќи во воздухот, но тоа отвори бројни прашања, а едно од нив е дали натпреварувањето ќе биде преселено во Австралија во случај на победа на оваа земја.
Австралија е единствената земја вон Евровизија која учествува на натпреварот освен Мароко кој прв и единствен пат на натпреварувањето се појавил во 1980. година.
Најголема причина зошто Австралија учествува на овој избор е тоа што Евросонгот бил исклучително популарен во таа земја, со оглед на тоа дека голем број Австралијанци влечат потекло од Европа.


По ваквото прашање, пристигна и одговорот кој гласи “не” – а еве и зошто:

Ако Австралија победи на Евровизија, натпреварот без страв кај Европјаните кои традиционално седат во публиката на најпрестижниот музички настан на нашиот континент, не се сели во оваа земја. Во тој случај, Австралија ќе мора да одлучи со која од земјите членки на Европската радиодифузна унија заедно ќе го организира натпреварот, а тие веќе претходно се изјасниле дека би биле домаќин на Евровизија заедно со Германија или Велика Британија.


Оваа година Австралија на изборот учествува по петти пат, а доколку нивната кандидатка победи, Австралија ќе го организира изборот во некоја европска земја…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …