Во потрага сте по вежби со кои ќе ги дефинирате стомачните мускули? За нив не морате во теретана туку можете да ги формирате со едноставни вежби кои се прават дома.
Тренерката на познатите Џенет Џенкинс, во кусо видео, кое го објавила на Инстаграм, покажала како ги изведува.
Се’ што ви треба е перница. Овие девет движења тежнеат на јадрото на мускулите. Џенет вели дека креативен начин е да уфрлите движења кои се прават при кревање тегови, додека ги изведувате овие вежби за стомачните мускули. Се препорачува секоја вежба да се изведува по 30. секунди во две до три повторувања.
Не само што ќе ги дефинирате стомачните мускули туку ќе добиете и сила и ќе ја превенирате болката во грбот.
(ВИДЕО) Се’ што ви треба за „убиствени“ стомачни мускули е перница!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.