(ВИДЕО) Се појавиле досега невидени снимки на Витни Хјустон

Документарниот филм на со Оскар наградениот режисер Кевин Мекдоналд повторно ќе го актуелизира животот и успехот на славната пејачка Витни Хјустон, која почина на 11. февруари 2012. година.
Мекдоналд одлучил преку филмот, на нов начин, да ја раскаже приказната за животот и кариерата на славната пејачка, а по прв пат ќе бидат прикажани некои сеуште невидени снимки на оваа дива, како и акапела изведби на некои од нејзините најголеми хитови.
Благодарение на Фондацијата „Хјустон“, документарецот ќе прикаже и приватни снимки, кој ќе фрлат сосема ново светло на нејзиниот приватен живот.


Како се’ отприлика ќе изгледа може да се види и во трејлерот. Филмот со кус наслов „Витни“ претствува контраст помеѓу вистинската поп дива – каква што била на сцената и вон неа, и ранливата жена во приватниот живот која се бори самата со себе.
„Луѓето мислат дека се’ било лесно, но не беше“ е една од нејзините изјави во документарниот филм кој премиерно ќе биде прикажан на 6. мај 2018. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …