(ФОТО) Аки Рахимовски имал мозочен удар: „Не му е загрозен животот!“

„Имаше полесен мозочен удар. Но, одлучивме да ’дигнеме рачна’ и допонатаму ги откажавме сите концерти“, рекол Хус.
Фронтменот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (62) доживел полесен мозочен удар, а сите концерти на бендот се откажани, било соопштено на службените страни на бендот на Фејсбук и Инстаграм.


Gepostet von Parni Valjak am Montag, 9. April 2018

„Драги наши, за жал, присилени сме да ги откажеме сите концерти, до понатаму. Аки Рахимовски имаше полесен мозочен удар, и’ иако веќе се чувствува добро, треба извесно време да успориме и да се конентрираме на опоравувањето. Многу сериозно ја сфаќаме својата работа и не би сакале да разочараме илјадници од вас кои се радувавте на претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, стои во објавата.


Рахимовски се огласил по излегувањето од болница.


„Не грижете се, добро сум. Не е ништо страшно“ рекол пејачот.
Неговиот колега од бендот, Хусеин Хсанефендиќ – Хус (64) рекол дека животот на Аки не е загрозен.
„Имаше полесен мозочен удар. Но, одлучивме да ’дигнеме рачна’ и до
понатаму ги откажавме сите концерти“, рекол Хус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …