Сослушувањето е важен чекор напред за Американците кои што се свесни дека им беа злоупотребени личните податоци…
Основачот на „Фејсбук“ на две сослушувања во Конгресот поради аферата со „Кембриџ Аналитика“ и злоупотребата на лични податоци од корисниците. Менаџментот ја префрла вината…
Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг се соочува со најголемиот тест во својата кариера како извршен директор на мегапопуларната социјална мрежа. Во фокусот на двете маратонски сослушувања во Конгресот на САД е скандалот со компанијата „Кембриџ аналитика“ којашто злоупотреби податоци на 50 милиони корисници од „Фејсбук“ за да изготви психолошки профили и да манипулира со гласачи преку реклами и пораки. Од Закерберг се очекува да го образложи методот за заштита на приватните податоци, но и причината зошто наместо нив, весник открил дека бил направен упад во системот на неговата компанија.
„Најзагрижен сум дека ’Фејсбук’ ги нема сите одговори. Не може да ги знаат сите кои што им се рекламираат на платформата. Иако тврдат дека имаат контрола, убеден сум дека не е така зашто има луѓе кои сакаат да си го скријат идентитетот преку 4-5 посреднички корпорации. Месечно имаат по 500 илјади рекламирања“, вели сенаторот Џон Кенеди.
„Сослушувањето е важен чекор напред за Американците кои што се свесни дека им беа злоупотребени личните податоци.’Фејсбук’ бавно преземаше чекори за да воведе промени во платформата и да ги охрабри граѓаните да се заинтересираат за што точно и како им се употребуваат податоците. Преку серија состаноци, Сенатот и Конгресот ќе работат на зацврстување на приватноста“, изјави Крис Кунс, сенатор.
Откако беше обелоденет скандалот, голем број корисници на „Фејсбук“ почнаа да ги бришат своите профили. Меѓу нив е и коосновачот на „Епл“, Стив Вознијак.