(ВИДЕО) Се мажела 10. пати и не сака да запре!Ја бара љубовта на својот живот!

Таа била во брак дури десет пати, и сè уште не ја пронашла љубовта на својот живот
Кејси од Америка, се појавила во една емисија со д-р Фил, за да побара совет за тоа каде греши во нејзините врски, откако размислува да стави крај на бракот со нејзиниот десетти сопруг.
Таа се омажила десет пати и нема намера да се откаже се додека не го најде вистинскиот. Најдолгиот брак на Кејси траел осум години, а најкраткиот шест месеци, а сега размислува да го заврши својот десетти брак. 56-годишната деловна жена се појавила во шоуто за да побара совет, бидејќи браковите и врските никогаш не можат да и опстанат.
Кога докторот прашал: – 10 пати, навистина?, Кејси кратко рекла „Да“.
Кога ќе го кажете тоа, некако го кажувате со гордост. Дали имало момент кога вие само се смеете на тоа? – прашал докторот.
– Дојдов до точка кога или ќе се смеам или ќе плачам за тоа. Понекогаш ги правам и двете, рекла Кејси.
Иако се обидела да се смее, солзите сами почнале да и паѓаат, додавајќи дека тие работи не ги смета за смешни.
– Кога сум во брак и едноставно не можам повеќе да издржам, обично сум првата што ќе рече: -Тоа е, се разведуваме и јас заминувам.


Првиот брак траел осум години, а според Кејси, тој завршил како заедничка одлука, но мажите, според неа,тоа никогаш не го прават. Нејзиниот втор брак траел нешто помалку од седум години. Откако добиле син, тие беа верени две и пол години, но наскоро откако се венчале, сопругот престанал да покажува емоции и да кажува дека ја сака.
Д-р Фил тогаш ги заобиколил сопрузите од три до девет, додека Кејси рекла дека веројатно ќе се откаже од сегашниот сопруг, за кого тврди дека тој ја етикетирал како „монструозна контрола“. Сега, во оваа фаза од нејзиниот живот, таа е решена да се смири со својот човек од соништата и додава:
„Не ми е гајле колку бракови треба, ќе се обидувам додека не најдам некој што може да ме сака“, заклучила Кејси.

Фото: Принтскрин/YouTube/Dr Phil


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …