По нивната прва успешна песна БЕЗОБРАЗНО за која што снимија спот и одлично помина минатaтa годинa во музичкиот етер низ цела Македонија, ,,Дијаманти,, е насловот на новата песна на Wolf и Декс, со голем потенцијал да биде вистинско летно музичко освежување на нашата домашна сцена.
Аранжманот и продукцијата се дело на Гоце Симоновски, веќе добро познат уметник и композитор, воедно и бас гитарист на бендот на Влатко Лозаноски.
Додека изведбата и тесктот се на Декс и Wolf.
Овој пат видео записот е лирикс видео,во кое се појавува девојка на убави и егзотични места.
Уживајте и слушајте македонска музика
Фото: Приватна архива