„АКО САКАШ ОДМАЗДА, ПОЧНИ ДА КОПАШ ДВА ГРОБА“: Легендарните кинески мудрости не тераат на животот да гледаме поинаку

Кинеската мудрост за животот не тера да гледаме на светот со други очи.
Неодамна пишувавме за арапската мудрост за која размислувале многу луѓе, а 3 едноставни реченици и објаснувања ја кријат суштината на паметниот начин на живеење. Сепак, Кинезите имаат и интересни мудрости од кои може многу да се научи.
– Ако сте трпеливи во еден момент на лутина, ќе избегнете стодневна тага.
– Доброто фрли го во водата, водата ќе ти го врати.
– Големата среќа доаѓа од небото; малку среќа доаѓа од човекот.
– Детскиот живот е како парче хартија на кое секој остава белешка.
– Животот е само мост. Не гради куќа на мост.
– Кога богат човек станува сиромашен, тој станува учител.
– Кога среќата ни се насмевнува, среќаваме пријатели; кога ќе ни го свртат грбот, сретнуваме убава жена.
– Кој ја бара вистината мора да знае да ја поднесе.
– Убавината е мудрост на жената. Мудроста е убавината на човекот.
– Не плашете се од бавен напредок, туку од стоење во место.
– Ако сакате да се одмаздите, почнете да копате два гроба.
– Кој шутира во целта, се друго промашува.
– Направете ги среќни оние кои ви се блиски и оние кои се далеку ќе дојдат кај вас.
– Ако се сомневате во некој – не го вработувајте, а ако веќе сте го вработиле – не се сомневајте во него.
– Мислата е слична на копање бунар: водата на почетокот е заматена, но полека се расчистува.
– Размислувањето не е исто што и сакањето.
– Младоста предлага, староста одложува, средината извршува.
– Најдобро време за садење дрвја беше пред 20 години. Второто најдобро време е сега.
– Не биди мрзлив бидејќи мрзеливоста е најголемиот непријател на доблеста.
– Не паѓа секое дрво со првиот удар.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …