(ВИДЕО) Роберт де Ниро, додека ја примал Златната палма во Кан, го прозвал Трамп: „Тој е лицемерен претседател“


Филмскиот фестивал во Кан започна синоќа, а по тој повод Златната палма му беше врачена на Роберт де Ниро.
При примањето на наградата, Де Ниро во својот говор отворено го критикувал американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „американскиот лицемерен претседател“.
Имено, Де Ниро предизвикал силни и позитивни реакции од публиката со својот говор, а прифаќајќи ја наградата за животно дело, ја искористил можноста да испрати политичка порака.


„Мора да дејствуваме сега. Без насилство, но со голема страст и решителност. Време е секој што се грижи за слободата да се организира, да протестира и кога ќе дојдат изборите – да гласа“.
Тој ги поканил присутните да испратат силна порака за отпорот, солидарноста и културната важност на слободното изразување преку прославата на уметноста во текот на следните 11 дена.

Поранешните добитници на Златна палма, Квентин Тарантино и Шон Бејкер, прошетале по црвениот тепих, заедно со познати лица како Ева Лонгорија, Џулија Гарнер, Хајди Клум и Алесандра Амброзио. Сепак, големото отсуство на вечерта бил Том Круз, чија премиера на филмот „Невозможна мисија — Конечно пресметка“ исто така се очекувала со голем интерес.

Жулиет Бинош, претседателка на овогодинешното жири, пристигна држејќи се за раце со членовите на жирито: Џереми Стронг, Хали Бери и режисерката Пајал Кападија. Де Ниро бил пречекан со овации на црвениот тепих. Пред фестивалската палата, протести одржале работниците ангажирани на фестивалот, незадоволни од условите за работа и недостатокот на бенефиции.

Канскиот филмски фестивал ќе трае до 24 мај. Во натпреварувачкиот дел од програмата има 19 филмови. Уметничкиот директор на Канскиот филмски фестивал, Тиери Фремо, претходно изјави дека фестивалот годинава примил рекордни 2.909 пријави.
Исто така, во пресрет на официјалното отворање на Канскиот филмски фестивал, организаторите одлучиле да воведат ново правило кое вклучува посебни одредби за облеката.

Имено, според нивната одлука, забрането е носење „голи, волуменозни фустани или фустани со набори“. Покрај тоа, овој Филмски фестивал воведува кодекс на облекување на пристојност и учтивост, забранувајќи фустани што го попречуваат правилниот проток на гости и го комплицираат седењето во киното.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВЕЖБАЛА ДО ИСЦРПЕНОСТ, ПЕШАЧЕЛА СО КИЛОМЕТРИ, ЕДВАЈ ЈАДЕЛА: Прогласена е за најубава жена на 62 години, но поради едно нешто, многумина „ја замразиле“

Деми Мур неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а таа открила колку нејзиниот …