Јустина е родена на 2 август 1972 година во Жешов, како четврто од девет деца во исклучително музичко семејство.
Во првата полуфинална вечер на Евровизија 2025, Полска ја претставуваше нивната голема ѕвезда Јустина Стечковска.
Таа ги воодушеви сите со моќната песна „GAJA“, во која спои модерна продукција и словенечки етномелос, а многумина останаа без зборови кога слушнаа колку години има Јустина.
Јустина има 52 години и изгледа неверојатно млада. Таа настапи и на Евровизија пред 30 години во Даблин со песната „Сама“. Со овој настап таа го сруши рекордот во разликата помеѓу две учества.
Јустина е родена на 2 август 1972 година во Жешов, како четврто од девет деца во исклучително музичко семејство. Нејзиниот татко, Станислав, бил диригент и органист, а нејзината мајка, Данута, била наставничка по музичко. Семејството основало свој музички ансамбл во кој Јустина свирела виолина.
Таа првпат го привлече вниманието на јавноста во 1994 година, кога победи на телевизиското талент шоу „Szansa na succes“ со изведбата на песната „Buenos Aires“ од групата Maanam.
Нејзиниот деби албум „Dziewczyna Szamana“ во 1996 година бил огромен успех и ѝ донел бројни награди, вклучувајќи ја и наградата „Фредерик“ за најдобар албум и песна на годината. Во текот на нејзината кариера, таа издаде повеќе од 15 студиски албуми, истражувајќи различни музички жанрови како што се поп, трип-хоп, џез и етничка музика.
Во 2000 година, таа се омажила за архитектот и поранешен модел Мачеј Мишковски, со кого има три деца: Леон, Станислав и Хелена. Двојката објави привремена разделба во 2017 година, но подоцна ја обновиле својата врска.
Освен по музика, Јустина е позната и како фотографка, актерка и телевизиска личност. Таа била ментор во полската верзија на „Гласот“ и учествувала во шоуто „Taniec z gwiazdami“ (полска верзија на „Танц со ѕвездите“).
Фото: Принтскрин/YpuTube