Вклучете ги во вашата исхрана – Овие намирници го забавуваат стареењето и го подобруваат здравјето на кожата


Стареењето е природен процес, но со правилна исхрана можеме да ги забавиме неговите ефекти и да го зачуваме здравјето и младешкиот изглед на кожата. Храната богата со антиоксиданси, витамини и здрави масти може да помогне во одржувањето на виталноста.
Ви донесуваме шест намирници кои треба почесто да ги вклучувате во вашата дневна исхрана, бидејќи не само што се вкусни, туку придонесуваат и за поздрав и помлад изглед.

Зелен лиснат зеленчук
Зеленчукот како што се спанаќот, кељот и блитвата се богати со витамини А, Ц и К, како и со минерали како што се калциум и железо. Овие хранливи материи помагаат во производството на колаген, ја штитат кожата од УВ зрачење и придонесуваат за подобро целокупно здравје.


Домати
Доматите се одличен извор на витамин Ц, кој игра клучна улога во одржувањето на еластичноста и цврстината на кожата. Редовното консумирање домати може да помогне во заштитата на кожата од оштетување. Се препорачува дневен внес на еден домат со средна големина или неколку чери домати.


Боровинки
Боровниците се вистинско богатство за здравјето. Тие се богати со антоцијанини, моќни антиоксиданси кои го штитат телото од оксидативен стрес и придонесуваат за здравјето на мозокот. Идеално, треба да консумирате од половина до една чаша боровинки дневно.


Јаткасти плодови и семиња
Јаткастите плодови и семките се богати со антиоксиданси, здрави масти и витамини. Бадемите се одличен извор на витамин Е, кој помага во хидратацијата и еластичноста на кожата. Оревите и лененото семе содржат омега-3 масни киселини кои го забавуваат процесот на стареење и го штитат срцето.

Темно чоколадо
Темното чоколадо со висока содржина на какао содржи флавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата, хидратацијата на кожата и го намалуваат воспалението во телото. Сепак, важно е да се консумира умерено – една до две коцки дневно се сосема доволни.

Чиа семе
Семето од чиа е богат извор на омега-3 масни киселини, протеини и растителни влакна. Тие помагаат во регенерацијата на клетките и се борат против слободните радикали кои предизвикуваат брчки. Дневниот внес од една до две лажици може значително да придонесе за здравјето на кожата.

Со вклучување на овие намирници во вашата дневна исхрана, не само што можете да го подобрите изгледот на вашата кожа, туку и вашето целокупно здравје. Малите промени во исхраната можат да направат голема разлика на долг рок.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од среда до петок (25/27 јуни) максимум на овој топол бран, па освежување!

Метео прогноза на Славчо Попоски Топлиот бран од Африка во нашата Република Македонија засилува на …