Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш


Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Деца на светот“.

Сите теми на претставата се спојуваат преку емотивната призма на родителите чии деца заминале во светот и нема да се вратат никогаш. Родителите, кои се радуваат на успесите на децата, а истовремено се скршени од болка поради нивното отсуство. Животот често знае да биде парадоксален.


Претставата ја раскажува нашата приказна. Препознавањето на нашето секојдневие и животот воопшто, е неизбежно. Она чувство кога нешто е во исто време многу смешно, ама и за плачење, се вели во објавата од струмичкиот театар.

АВТОР – Стефан Цанев
РЕЖИЈА – Васил Михаил
СЦЕНОГРАФИЈА И ПЛАКАТ – Никола Пијанманов
КОСТИМОГРАФИЈА – Ванчо Василев
ДРАМАТУРГ – Ацо Гогов
МУЗИЧКИ СОРАБОТНИК – Боби Ѓошиќ
ВОКАЛ – Елисавета Василева-Бончева
ПРЕВОД – Коста Ангов


Улоги:
ЖЕНАТА – Оливера Аризанова-Мансбарт
МАЖОТ – Коста Ангов
ПРОСТИТУТКАТА – Анкица Бенинова

Картите по цена од 300 денари можете да ги набавите на следниот линк: https://antonpanov.mk/…/%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0-%d0…/


Број за резервации и информации 072/233 012

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …