Тој потполно го променил својот имиџ.
Џон Крајер го играше Алан Харпер во серијата „Два и пол мажи“, а денес изгледа речиси непрепознатливо. Тој почнал да ја губи косата за време на снимањето на серијата, а продуцентите користеле разни техники за да ја прикријат, од спрејови во боја до перлички и перики. Откако серијата завршила, Џон ја прифати својата ќелавост и го променил својот имиџ, вклучително и пуштање брада.
Тој се појави во сите 12 сезони на популарната ситком серија, која се емитуваше од 2003 до 2015 година, и освои две награди „Еми“ за таа улога. Покрај тоа, тој е единствениот член на екипата што се појавил во секоја од 262-те епизоди. Тој заработувал околу 550 илјади долари по епизода, а денес неговото богатство се проценува на околу 70 милиони долари. Тој го прослави својот 60-ти роденден во средината на април.
View this post on Instagram
Освен физичките промени, Џон е сè уште активен во актерскиот свет. По „Два и пол мажи“, тој се појави во серијата „NCIS“ како д-р Сири Тафт, а неговата последна улога беше во серијата „Проширено семејство“, каде што беше и извршен продуцент. Иако имаше гласини за повторно снимање на серијата „Два и пол мажи“, тој изјави дека повеќе не сака да работи со Чарли Шин, кој го играше неговиот брат во споменатата серија, поради неговото однесување за време на снимањето.
View this post on Instagram
„Во времето кога ја снимавме ‘Два и пол мажи’, Чарли беше најплатениот актер на телевизија. Сепак, успеа да го уништи тоа, што ве тера да се замислите. Го сакам, му посакувам се најдобро, но повеќе не би можел да соработувам со него“, изјавил тој еднаш за странските медиуми.
Денес, тој води мирен живот, а во 2007 година се смирил Тој стапил во брак со новинарката Лиза Џојнер, со која ја има ќерката Дејзи, додека со поранешната сопруга, актерката Сара Тригер, го има и синот Чарли Остин.
Фото: Архива