(ФОТО) Започна Канскиот филмски фестивал: Роберт де Ниро ја доби Златната палма


Канскиот филмски фестивал официјално започна синоќа, а во натпреварувачката програма на овој фестивал беа вклучени 19 филмови.
Имено, во трката се етаблирани режисери како Вес Андерсон и браќата Дарден, како и млади режисери кои се на почетокот на своите кариери, меѓу кои и Ари Астер.
Оваа година се натпреваруваат шест режисерки: Јулија Дукурно, Кели Рајхарт, Хафсија Херци, Карла Симон, Чие Хајакава и Маша Шилински.
Уметничкиот директор на Канскиот филмски фестивал, Тиери Фремо, изјави дека фестивалот годинава примил рекордни 2.909 пријави. Жирито на натпреварувачката програма ќе го води Жулиет Бинош. Роберт де Ниро ја доби почесната Златна палма.


На 78-от Кански филмски фестивал премиерно ќе бидат прикажани филмовите „Amrum“ од Фатих Акин, „Connemara“ од Алекс Луц, „The Disappearance of Josef Mengele“ од Кирил Серебреников, „Orwell: 2+2=5“ од Раул Пек, „Splitsville“ од Мајк Корвин и „The Wave“ од Себастијан Лелио. Целосната програма можете да ја погледнете тука.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Уште пред самото отворање, неколку актерки и јавни личности споделија како одат подготовките за овој престижен настан, а меѓу нив се издвои Ева Лонгорија, позирајќи во тесен розов фустан кој го истакнуваше нејзиното деколте и фигура. Исто така, Бела Хадид, која позираше во елегантен црн фустан со провокативно деколте, освои многу срца на црвениот тепих.

Исто така, во пресрет на официјалното отворање на Фестивалот, организаторите вчера одлучија да воведат ново правило кое вклучува посебни одредби за облеката. Имено, според нивната одлука, забрането е носење „голи, волуменозни фустани или фустани со набори“.
Покрај тоа, овој Филмски фестивал воведува кодекс на облекување на пристојност и учтивост, забранувајќи фустани што го попречуваат правилниот проток на гости и го комплицираат седењето во киното. Според организаторите, секој што не го почитува кодексот на облекување ќе биде забранет на црвениот тепих.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …