(ВИДЕО) Рита Ора ја отворила вратата од својот дом во Лондон и го покажала луксузниот ентериер на вилата вредна 8. милиони долари

Рита Ора ја отворила вратата од својот дом и дозволила да ѕирнете во вилата од 1877. година што ја поседува.
Таа ги отворила вратите од својата луксузна вила за списанието Architectural Digest и го покажала луксузот што го живее во Лондон.
Пејачката минатата година ја купила викторијанската палата со шест спални.


„Изградена е во 1800-тите, првично беше во сопственост на илустратор по име Артур Ракам, еден од моите омилени уметници. Тој ги направи сите илустрации за ‘Алиса во земјата на чудата’, ‘Црвенкапа’… Куќата има многу добра и креативна енергија што ми треба и ја почувствував веднаш штом влегов“, рекла таа.
Покрај луксузниот и историски ентериер, вилата има и мирна градина. Украсената дрвена преграда ја одвојува трпезаријата од дневната соба, а оваа преграда е во куќата откако е изградена.
Рита истакнала дека главната причина за купувањето на оваа куќа е нејзината историска важност, додавајќи дека секогаш ја привлекувале домови со „стар дух“.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …